
Поранешен хрватски репрезентативец мора во затвор зашто не платил алиментација од 70 илјади евра
Откако двајцата се разделиле пред шест години, Балабан не плаќал алиментација за своите деца и одбивал каква било можност за договор поради што Радиќ морала да ја бара правдата на суд. Пролетта 2021 година, Балабан бил прогласен виновен поради неиздржување на своите деца и осуден на единствена затворска казна во траење од една година, но условна на четири години.
Со оглед на тоа што поранешниот фудбалер ја прекршил условната казна, се активира одлуката од 2021 година и Балабан од јануари ќе мора да оди во 12-месечен затвор. Неговиот вкупен долг кон Радиќ изнесува 70 илјади евра, а сега не може да се спаси од затвор дури ни ако ги исплати овие средства.
Балабан беше еден од најпопуларните фудбалери во Хрватска кон крајот на минатиот и почетокот на овој век. Играше како напаѓач, почна во Ријека, потоа се пресели во Динамо Загреб, а во кариерата играше уште за Астон Вила, Бриж, Паниониос и Селангор. Астон Вила во 2001 година за него плати 5,8 милиони фунти што за тоа време беше фантастична сума за фудбалер од Балканот, но Балабан не ги оправда очекувањата, одигра само девет натпревари од кои седум како замена и од медиумите на Островот беше прогласен за едно од најлошите засилувања во историјата на Премиер лигата.