Питер Крауч уште еднаш покажа дека е подобар „твитерџија“ од фудбалер (ФОТО)

Кариерата на Питер Крауч како професионален фудбалер е пред самиот крај, но неговата смисла за хумор очигледно никогаш нема да замре.

Фудбалерот кој моментално е дел од Барнли на „Твитер“ го искоментира пехарот што Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија го доделува за најдобар играч во Премиерлигата. Си направи и мала шега на своја сметка поради неговата височина и долгите нозе. 

„Екстремно сум горд што сум трофејот од ПФА за фудбалер на годината“, напиша Крауч со фотографија од дел од трофејот.  

Трофејот за најдобар фудбалер во Премиерлигата отиде во рацете на Вирџил ван Дајк, а ако се доделува награда за најдобар „твитерџија“ помеѓу фудбалерите тоа сигурно треба да биде Крауч.