Пике јавно го објави својот телефонски број: Прашајте ме што сакате! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Барселона, Џерард Пике го објави својот телефонски број и веднаш доби илјадници пораки.

Пике беше на состанок за тениски турнир и одлучи јавно да го сподели неговиот телефонски број, за да можат фановите да го прашаат што сакаат.

Јас работам со Дејвис куп тимот. За сите што сакате да прашате, еве го мојот телефонски број, напиша Пике на „Твитер“.

После тоа, настана вистински хаос. Пике доби повеќе од 20.000 пораки, а тој број од минута во минута расте.