Патики на Мајкл Џордан од руки-сезоната во НБА продадени за – 150.000 долари

Патиките од американскиот гигант за спортска опрема Најк, кои легендарниот Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња ги носел во својата дебитантска сезона во НБА-лигата биле продадени на аукција за 150.000 долари.

Џордан овие патики на Најк ги носел во сезоната 1984/85 во својата руки-сезона во дресот на Чикаго Булс, со кој потоа шестпати ја освојуваше НБА-титулата. Патиките на аукцијата во САД достигнале вредност од 152.500 долари, а тие биле главната атракција на компанијата „Сотби“, која организирала меѓународна аукција.

На онлајн аукцијата „Гејмерс онли“ биле понудени 13 пара патики на некои од најголемите имиња во најсилната кошаркарска лига од 90-те години, како Скоти Пипен, Шекил О'Нил, како и патики на една од денешните ѕвезди Стеф Кари.

Инаку овие патики на Џордан неодамна беа изложени во Женева, заедно со накит и скапоцени часовници во рамките на „Лакшри Вик“, кој го организирала истата компанија „Сотби“.

Вторите најскапи патики што беа продадени на аукцијата беа тие на Стеф Кари од марката „Андер Армор“, кои биле и потпишани од сезоната 2015/16 и достигнале цена од 20.800 долари.