Опустошена куќата на фудбалерот на Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид Лукас Васкез е најнова жртва на крадците во шпанската престолнина. Крилниот фудбалер на „кралевите“ и неговото семејство се наоѓале надвор од куќата, биле на одмор во моментот кога непознати личности упаднале и украле вредни работи.

Токму фудбалерите на Реал се мета на крадците, а тие пред неколку недели го ограбиле и тренерот на клубот од Мадрид, Зинедин Зидан. Иако Васкез веднаш го пријавил случајот во полиција и ги предал видео снимките, сепак мали се шансите крадците да бидат фатени.