Операторите се смилуваа: Одложен прекинот на реемитување на домашни и странски канали

Кабелските оператори го одложуваат прекинот на реемитување на сите домашни и странски телевизиски канали што беше најавeн за во понеделник на полноќ, освен националниот сервис МТВ1, МТВ2 и Собраниски канал.

Операторите обединети во Здружението на информатички-комуникациски технологии имале состанок со Премиерот Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и постигнале согласност да се одложи прекинот на реемитување на домашните и странските канали. Двете страни ги разгледуваат сите можности да биде донесено взаемно прифатливо решение од новонастанатата ситуација.

„На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги. Констатирана свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните“, стои во соопштението.