Објавена снимка од хаосот во Белград: Летаа камења, а се тепаа и со палки и каиши (ВИДЕО)

По мечот меѓу Партизан и Војводина во полуфиналето на српскиот Куп се случи вистински хаос, кога се степаа „Делии“ и „Гробари“, а сега беа објавени и првите снимки од тепачката.

Хулиганите не бираа средства за да се истепаат меѓусебе, па се користеа камења и факели, но и други цврсти предмети како палки, каиши и запалки.

Епилогот од тепачката е 23 уапсени лица од страна на полицијата, но и еден навивач е тешко повреден и пренесен во болница.