Ниту Мадрид не е сигурен: Навивачите на Ривер и Бока почнаа со провокации (ВИДЕО)

По ремито 2-2 на „Бомбоњера“, дуелот на „Монументал“ беше одложен поради инцидентите, па КОНМЕБОЛ реши да се одигра Суперкласико далеку од Буенос Аирес, односно ќе се игра вечерва во Мадрид.

„Сантијаго бернабеу“ ќе биде домаќин на двата најголеми аргентински клубови и големи ривали, иако идејата на многумина не им се допадна.

Ниту далечниот Мадрид не спречи илјадници навивачи на Ривер и Бока вечерва да пристигнат во Мадрид за да го гледаат Суперкласико.

Синоќа се загреаа тензиите меѓу навивачите, а денеска би можела цела ситуација да ескалира пред или по финалето, иако сигурноста во Мадрид е на високо ниво.