Невиден сеир: Мурињо експресно нашол работа, се пријавил за – пица мајстор!? (ФОТО)

Најконтроверзниот тренер на светот, Жозе Мурињо вчера ја заврши авантурата во Манчестер јунајтед со отказот кој раководството му го врачи, по серијата очајни резултати и игри на бившиот англиски и европски шампион.

И Мурињо останува во фокусот на светската јавност, зашто дојде на „Олд Трафорд“ да биде спасител, ама сезонава направи распад систем од таборот на „ѓаволите“, па најголемиот дел од легендите и навивачите едвај дочекаа да дојде денот кога ќе му биде покажана вратата. Мурињо си замина од Манчестер, а јавноста почна да поставува која е следната работа на „специјалниот“?

И еден од најпопуларните ланци за храба, „Пица Хат“ така добро си направи реклама и се сеиреше со Мурињо, што светската јавност падна ос меење. Познатиот ланец објави дека Мурињо се пријавил на конкурс за – пица мајстор. Па дури објави, дека побарале од Манчестер јунајтед, да им дадат референци за Португалецот за да може да го вработат.

„Добивме 'си-ви' од господинот Жозе Мурињо. Штотуку аплицираше за работа во нашиот ресторан. Ве молиме да ни испратите референци за Жозе. Однапред благодариме“, бил твитот на „Пица Хат“ до Манчестер јунајтед.

И потегот очигледно се исплател, зашто твитот стана толку трендинг на социјалната мрежа, што со часови се дискутираше за потегот. Нема сомнение дека ланецот на ресторани си направи одличен маркетинг на грбот на Мурињо, кој од Манчестер си заминува и побогат за 24 милиони фунти, колку што ќе чини отштетата за предвремениот раскин на договорот.