Неверојатна сцена: Полицаец со пушка брка фудбалер по терен (ВИДЕО)

Во Бразил се случи неверојатна сцена каква што дефинитивно не се гледа секој ден, а камерите снимија како еден полицаец со пушка во раце брка фудбалер по фудбалскиот терен.

Бразилските медиуми објавија дека еден полицаец случајно испукал неколку гумени куршуми при што бил погоден еден фудбалер, кој се пожалил на болки, но сепак не бил повреден.

По пукањето се случи конфликт меѓу полицијата и фудбалерите, по што еден од нив почна да ги навредува службениците, кои решија да го уапсат.

Моментот каде што е погоден фудбалерот може да се погледне ТУКА.