Навивачите на Ливерпул организираа пречек и ја налутија англиската јавност! (ВИДЕО)

Ливерпул вечера го игра последниот домашен меч сезонава во Премиерлигата, па на „Енфилд“ го пречекуваат Челси, а навивачите поради тоа организираа пречек на фудбалерите, иако во моментов владее опасниот Ковид-19.

Натпреварот од Премиерлигата поради пандемијата е затворен за гледачите, но навивачите најдоа начин како да го прослават трофејот.

Снимката на Твитер предизвика многу контроверзи, зашто голем број луѓе се загрижени поради можноста од ширење на вирусот меѓу големиот број на луѓе.