Навивачите на АЕК ги нападнаа ракометарите на Олимпијакос (ВИДЕО)

Грчкото ривалство меѓу екипите на АЕК и Олимпијакос може да се забележи на сите терени, како на фудбалскиот, па така и на ракометниот, кадешто во финалето на грчкиот шампионат се случи вистински хаос во Атина.

Ќе беше чудно доколку ова грчко дерби помине во спортска атмосфера, па навивачите на АЕК во еден момент од мечот влегоа на теренот и ги нападнаа ракометарите на Олимпијакос, кој стана грчки шампион.

При упадот на теренот од страна на навивачите мораше да интервенираат и безбедностите сили, односно полицијата за да ги смири хулиганите.