Навивачите ја претворија спомен-плочата на Гризман во - канта за ѓубре (ВИДЕО)

Навивачите на Атлетико Мадрид почнаа да се навикнуваат на екипата без Антоан Гризман, кој летово се пресели во Барселона.

Гризман ги разочара фановите со неговиот потег, а тие веднаш му вратија со непријатен потег пред првиот меч во Ла Лига.

Додека спомен-плочите на останатите фудбалери пред стадионот „Ванда Метрополитано“ беа чисти, таа на Гризман беше претворена во - канта за ѓубре.