Најбезобразниот транспарент во историјата е дело на навивачите на Феенорд! (ВИДЕО)

Феенорд синоќа во Ротердам го пречека Јанг бојс (1-1) во четвртото коло од групната фаза во Лига Европа, а вниманието го украдоа домашните навивачи.

Поддржувачите на Феенорд решија да се пошегуваат со гостинската екипа, иако некој можеби ќе го разбере и како безобразен транспарентот, но интересно е тоа што тренер на холандската екипа е Дик Адвокат, па на што мислеа навивачите, само тие си знаат.