Навивач нарачал дрес на Азар, а тој пристигнал со „погрешен“ број (ФОТО)

Белгискиот фудбалер Еден Азар минатата недела официјално беше претставен како ново засилување на Реал Мадрид, а на промоцијата го пречекаа 50.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“.

Азар на теренот излезе во дресот на „кралевите“, но на него немаше бројка. Белгиецот ја побарал „десетката“ од Лука Модриќ, но Хрватот му дал негативен одговор.

Многумина веруваат дека Азар во следната сезона ќе го носи дресот со број седум, а еден од навивачите има и „доказ“ за тоа. Тој нарачал дрес на Азар со број десет, но на крај добил нешто поинакво.

„Го избрав бројот десет во онлајн продавницата на Реал Мадрид, а кога дресот стигна на него стоеше бројот седум. Ако ова не е доказ, кој број ќе го добие Азар, тогаш навистина не знам што е“, порача навивачот.