Навивач на Јунајтед наследил 55.000 фунти и се обложил дека Ливерпул ќе биде првак!

Навивачот на Манчестер јунајтед, Тони Вард доби 91.000 фунти од обложувалница поради титулат акоја ја освои Ливерпул.

Британски „Сан“ пишува за навивачот кој во 2017 година добил наследство од 55.000 фунти, кога починала мајка му, а сите пари ги вложил на „црвените“ пред стартот на сезоната.

„Ливерпул ми изгледаше како тим кој ќе ја освои титулата. Дел од парите планирам да потрошам на еден квалитетен одмор, додека останатите ќе ги чувам“, кажа навивачот.