Најдобрата светска фудбалерка ја запроси својата девојка (ФОТО)

Американската фудбалерка Меган Рапино се вери со својата долгогодишна девојка Сузан Брд. 

Добитничката на Златната топка за 2019 година веста ја објави на Инстаграм со фотографија како клекнува на колено со веренички прстен. 

Рапино и Брд се запознаа за време на Олимписките игри во Рио во 2016 година. Брд е една од најдобрите кошаркарки во САД и изминатата сезона со својот тим Сиетел сторм стигна до својата четврта шампионска титула во кариерата.