На СП во снукер се случи најшокантниот пораз во историјата – како Реал да загубил од седмолигаш!

Првото коло од Светското првенство (СП) во снукер во Шефилд ја донесе и најголемата сензација во историјата на овој спорт, откако најдобриот играч на сите времиња, Рони О'Саливен загуби од 23-годишниот аматер Џејмс Кејхил.

Станува збор за анонимец, за кого малкумина имале слушнато пред овој успех, а што е еднакво актуелниот европски шампион Реал Мадрид да загубил од седмолигашки тим од некое шпанско село.

Кејхил најавата за сензационалниот триумф ја направи вчера кога поведе со 5-4, по што денеска поведе со 8-5, за на крајот да триумфира со 10-8 во фрејмови.

„На СП се доаѓа максимално подготвен, а јас бев физички и ментално исцрпен. Не можев да дадам сѐ од себе изатоа загубив“, изјави О'Саливен.