Морничаво: Турска убавица му фрлала „црна магија“ на Тадиќ

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ е еден од најдобрите фудбалери во Фенербахче, а ја носи и капитенската лента, но во изминатиот период се соочил со нешто неверојатно.

Медиумите од Србија и Турција пишуваат дека турската инфлуенсерка Канан Четин се обидела да му фрли „црна магија“ на напаѓачот на Фенербахче.

Турските медиуми пишуваат дека сопругот на инфлуенсерката Волкан Четин веднаш ги избришал заедничките слики со Канан, а потоа открил морничави детали.

„Мило ми е што те запознав, не можам да ја заборавам нашата венчавка во Рим, својата венчаница, твоето одело и величенствената церемонија во црква. Да се ослободиме и неговото срце да биде со мене. Треба да се ископа гроб на починато лице повеќе од 40 дена и да се земе земја“, пишува во дел од забелешките.