Мамиќ со урнебесна порака до БББ: Навредувајте ме уште посилно, ако е тоа добро за Динамо!

Најконтроверзниот човек во Хрватска, а и на Балканот, Здравко Мамиќ, алфата и омега во Динамо Загреб не можеше да не го прокоментира величенствениот меч на „модрите“ и победата со 4-0 на гости кај Ференцварош, па уште и ги испофали „Бед Блу Бојс“, со кои е во војна веќе со години.

Мамиќ и БББ се во отворена војна. Дури и неколкупати припадници на навивачите го напаѓаа, а тој и покрај сите маки со озогласените навивачи, не може да престане да ги потенцира како клучни за триумфот. И во Будимпешта го навредуваа, ама на сето тоа, бизнисменот урнебесно им одговори после мечот.

„Морам да ги пофалам БББ и нивната фантастична поддршка во Будимпешта. Јас не можам да глумам, нивните навреди ме болат, ама мора да снаат – јас сум еден од нив. И секоја чест што вас илјада успеавте да ги надвикате 20-те илјади навивачи на Ференцварош. Како навивавте, ме потсетивте кога ги химнотизиравте 70-те илјади на 'Емирати' во Лондон или кога 'Алијанц' во Минхен ја направивте Динамо Арена. Ако е условот за ваква поддршка да ме навредувате, правете го тоа уште посилно, зашто тоа е тоа што на нашиот тим му треба. Ве сакам, почивувам и ви благодарам за сѐ што направивте за нашиот Динамо“, објави Мамиж.