Лука Дончиќ на натпревар дојде со 300.000 долари вреден – тенк (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ, почна да прифаќа дел од карактерот на американските ѕвезди во НБА познати по својата екстравагантност, па на последниот меч на Далас допатува речиси буквално со – тенк.

Словенецот со тоа јавно објави дека се подновил со едно од најлуксузните возила во светот односно т.н. „Апокалипс Хелфајр“ кој едновно го нарекуваат „тенк“. Ова возило е вредно 300.000 долари, што е речиси ништо за Дончиќ со оглед на неговиот актуелен договор со телињата вреден 200 милиони долари.

Но и без разлика на богатството, постои можност тој да не дал ниту долар за ова возило туку да му е дадено бесплатно за реклама, која потоа повеќекратно ќе биде исплатена од тие што продаваат ваков тим возила.