
Лудило: Фудбалерки на Рад како хулиганки претепале колешка од Пожаревац!
Фудбалерките на белградски Рад, Невена Марковиќ и Александра Убовиќ дошле на Ада Циганлија, каде Пожаревац играл со Земун во женската лига, само со една цел да ѝ одржат лекција на Софија Илиќ, откако цела недела на социјални мрежи „воделе војна“ и се препукувале.
Сѐ почнало неодамна на мечот на Рад и Пожаревац, па продолжило со пцовки, навреди, закани и најава за брза разрешница која се случила денеска.
„Со другарка стоевме и разговаравме покрај оградата, после што три лица се појавија и добив удар во глава. Збеснав, тргнав по нив, но ме спречија претседателот и останатите“, рекла Илиќ.
Според најавите ФСС веќе ги суспендирала на неодредено време фудбалерките на Рад, но допрва тие ќе треба да дадат свои искази.