Откако тежок инцидент се случи вчера во тренинг-кампот на Спортинг Лисабон, каде член е макеоднскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кога хулигани со фантомки ги нападнаа играчите, Лисабон се крена на нозе и синоќа во центарот на градот имаше протести.

Навивачи на зелено-белите излегоа да протестираат поради идиотите во фантомки кои ги нападнале фудбалерите, незадоволни од лошата сезона и неуспехот Спортинг да игра во Лигата на шампионите во идната сезона. „Без насилство“, „Стоп на насилството“ и други пораки, со знамиња со ликот на најповредениот Баст Дост, навивачите се собраа за да им упатат поддршка на фудбалерите.

Според информациите на португалските медиуми, 50-на хулигани, кои биле наоружани со метални прачки, ножеви, пиротехника упаднале во тренинг-центарот, а најлошо минал Баст Дост, кој добил расекотина на главата, додека повредени биле и Руи Патрисио, Маркос Акуња, Вилјам Карвалјо, Родриго Батаља... Нема информации дека нашиот Ристовски настрадал од овој хулигански пир.