Леверкузен го исмејуваше Чех, а тој ги замолчи со одговор на Твитер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал вчера беа поразени на домашен терен од Манчестер сити со 0-2 во првото коло од англиската Премиерлига, а во центар на внимание беше Петр Чех.

„Топчиите“ не ги воодушевија своите навивачи со играта во првиот натпревар сезонава, а Унај Емери реши да му даде шанса на Чех да брани, иако многумина очекуваа дека Бернд Лено ќе биде прв избор на новиот стратег на Арсенал.

Чех имаше неколку одлични интервенции, но тоа беше во втор план по неверојатните грешки кои можеа скапо да ги чинат „топчиите“. Чешкиот голман за малку ќе постигнеше неверојатен автогол, а по тоа Баер Леверкузен го исмејуваше чуварот на мрежата.

Сепак, Чех реши да им одговори на социјалните мрежи и да ги замолчи.

„Ние споредлуваме важни вредности кои нè прават голем клуб. Фер-плејот, професионализмот се најголемите работи кои ги учат младите фудбалери и тажно е да видите како другите екипи не ги делат истите вредности“, напиша Чех на Твитер.