
Криминалци со маски на Мохамед Салах сакале да ограбат продавница во Египет (ФОТО)
Криминалците откако влегле во продавницата вооружени, брзо била повикана полицијата. Иако се обиделе да избегаат, безбедносните сили успеале да ги фатат и веднаш да ги уапсат. Тие планирале неколку грабежи низ Каиро, но биле фатени на првата станица.