Коронавирусот го „промени“ Лука Дончиќ до – непрепознатливост (ФОТО)

Задолжителниот карантин, како мерка за заштита од пандемијата со коронавирусот во (нај)голем број држави во светот, носи премногу слободно време за спортистите, кои не навикнати да седат по цел ден дома си смислуваат разни предизвици преку социјалните мрежи.

Еден од тие е и барањето фановите преку гласање да решаваат за нивниот изглед, а некако најдалеку отиде ѕвездата на Далас Маверис, Лука Дончиќ, кој на Истаграм објави гласање за тоа дали треба да се избричи или да ја остави неуредната брада, која го прави буквално непрепознатлив.

„Борбата“ е изедначена, а пред крајот на гласањето минимална предност имаа тие што гласаа да не се избричи односно да го задржи изгледот кој повеќе асоцира на бездомник, отколку на голема НБА-ѕвезда со милионски договор.