Кога се игра дерби - ептен е опасно: Навивачи на Фенербахче збеснаа по пенал за Галатасaрaј (ВИДЕО)

Галатасарај го доби турското дерби против Фенербахче со 3-1, а во истото беа забележани три црвени картони и пенал за гостинскиот тим, кој го реализираше Фалкао, но тоа ги налути навивачите на Фенербахче.

Според снимките кои се појавија на социјалните мрежи, а се тврди дека се снимени денеска може да се забележи како навивачите на Фенербахче не можеа да поверуваат што се случува на теренот во мечот против големиот ривал, па кога судијата покажа на белата точка, дел од нив скокнаа и само што не го удрија телевизорот од земја, а сепак едни од нив и му „пресудија“ на уредот.