Клуб побара помош од навивачите, откако некој им го украл - тракторот! (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Истлих, кој се натпреварува во англиската Национална лига, игра многу добро, па на две кола пред крајот на првенството се наоѓа на седмо место, кое води во плејофот, но на нив им се појави неочекуван проблем.

На својот Твитер профил тие објавија дека некој им го украл тракторот и бараат помош од навивачите да ја рашират веста во надеж дека ќе го пронајдат крадецот.

Навивачите веднаш се јавија на повикот и ја поддржаа акцијата, па се надеваат дека ќе успеаат да му помогнат на својот тим.