Клоп му се изнасмеа на новинар: Ми личиш на Пабло Ескобар! (ВИДЕО)

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е познат по неговите шеги и по тоа што секогаш се обидува да направи добра атмосфера при дружењето со новинарите.

Премиерлигашот вчера славеше против Мидтјиланд со 2-0, а Клоп стигна на интервју со новинарот Фред Калдеира, кој известуваше за бразилска телевизија.

Кога се приближи до микрофонот, Клоп почна да му се смее на новинарот и му кажа дека личи на познатиот дилер од Колумбија, односно Пабло Ескобар.