Ќерката на Мејведер се обидела да ја убие љубовницата на своето момче

Ќерката на Флој Мејведер е уапсена во Њујорк откако ја нападнала љубовницата на своето момче Лапатра Џејкобс со нож и притоа ја прободела.

Taa пристигнала во куќата на своето момче и во неговиот дом ја сретнала другата девојка со која прво се скарала, по што ја нападнала со нож. Девојката веднаш била префрлена во болница и нејзината состојба е стабилна, додека ќерката на Мејведер заврши зад решетки.

Ова е само уште една лоша вест за Мејведер, кој претходно ја загуби неговата поранешна девојка и неговиот вујко поради што го одложи враќањето во рингот.