Кедира си беше и гостин и келнер на својот роденден! (ФОТО)

Како и останатите несреќници родени во март и во април, Сами Кедира немаше премногу возбуда на својот роденден. Гости не смеат да се примаат за време на изолацијата во Италија, па затоа фудбалерот на Јувентус најде креативен начин да го прослави роденденот.

Кедира објави на Инстаграм фотографија, на која тој е и домаќин и келнер и гостин... 

„Одлична роденденска забава денеска“, напиша Кедира покрај фотографијата.

Тој и неговите соиграчи од Јувентус беа едни од првите кои се ставија во Карантин, откако Даниеле Ругани беше позитивен на коронавирусот уште во првата половина на март.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Great birthday party today 😜 #StaySafeStayHome

A post shared by Sami Khedira (@sami_khedira6) on