Ја избркаа од клубот поради разголени слики, па за една година заработи - 500.000 евра (ФОТО)

Атрактивната англиска фудбалерка Медлин Рајт, која во моментов заработува со продажба на разголени фотографии на „ОнлиФенс“, конечно пронајде нов клуб откако ја избркаа од Чарлтон.

По три години пауза, откако во декември доби отказ, Рајт му се враќа на фудбалот и потпиша договор за Лејтон Ориент за кој неодамна постигна и гол.

„Го сакав Чарлтон. Таа одлука ми го скрши срцето. Кога се случи тоа, забележав колку луѓе ме изневерија. Меѓутоа, тоа што се случи ми отвори врати во други индустрии. Една кариера заврши, но друга почна. За една година заработив пола милион фунти, не можам да лажам. Сега можам да патувам и да уживам“, вели Рајт.