„Ивкова слава“ е шега за него: Мејведер организира забава која ќе трае 10 дена! (ФОТО)

Флојд Мејведер објави дека организира забава која ќе трае десет дена, во неговиот нов стриптиз клуб.

Флојд Мејведер не знае поинаку - мора да е мегаломански. Како наближува борбата на 26 август и тој и Конор Мекгрегор стануваат се поинтересни за јавноста, а Американецот тоа го користи за да го промовира својот новоотворен стриптиз-клуб.

Се вика „Girl collection“, или „Колекција на девојки“ и во него организира десетдневна забава, почнувајќи од синоќа. Ја изрекламира на својот профил на Инстаграм велејќи дека може да дојде секој кој сака лично да се запознае со него.

„Дојдете вечерва во ‘Girl Collection’ да се дружите со мене и да ме прашате што сакате, во живо! Почнувајќи од четврток, 17 август, сè до понеделник 28 август, јас ќе биде во единствениот ‘Girl collection’ и ќе ги поздравувам моите фанови.

Така е, ќе се забавуваме цела недела пред мојата борба и сè до следниот понеделник, по борбата. Само во ‘Girl collection’! Донесете ги пријателите и најдете ме таму“, напиша Мејведер.

Ова е истовремено и порака до Мекгрегор, дека Мејведер нема намера да се нервира или нешто посебно да се концентрира пред борбата, дури во план му е да слави уште два дена по неа. 

Со ваква десетневна забава немаат шанси ни маратонските балкански слави кои траат по три дена.

 

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather) on