Искри по дербито: Ибра фати ривал за врат, Сари збесна и доби црвен картон (ВИДЕО)

Екипата на Милан дојде до бодовите во денешната дерби-пресметка со Лацио (2-0), во меч во кој имаше голема мешаница во моментот кога судијата го отсвири крајот.

Во центарот на вниманието беше Златан Ибрахимовиќ, кој со гол се врати по четири месечната пауза и кој ја искористи можноста да го фати за врат Лукас Леива, кој делуваше како мало дете во однос на Швеѓанецот. Најдебелиот крај во целата мешаница го извлече тренерот на гостите, Маурицио Сари, кој доби црвен картон откако му се нафрли на Алексис Салемакерс, поради начинот на кој ја прославуваше победата.

За Милан ова беше трет триумф во третиот меч од новата сезона, по кој е на врвот заедно со Наполи со максимални девет бодови.