Инцидент во Сплит: Хрватски навивачи се обиделе да нападнат Унгарци

Хрватска по долго време ќе игра натпревар на „Пољуд“, кадешто ја пречекуваат Унгарија во квалификациите з Евро 2020, а пред мечот се случи еден инцидент.

Иако полицијата е распоредена низ улиците на хрватскиот град, сепак дел од медиумите пишуваат дека било уништено комбе во кое била група Унгарци.

На комбето со унгарски регистерски таблички биле оштетени двете стакла, а полицијата уапсила три лица кои се осомничени за инцидентот.

Во друг инцидент хрватски навивачи се обиделе да нападнат двајца Унгарци, но полицијата реагирала на време и спречила инцидент, а притоа уапсила две лица.

Мечот меѓу Хрватска и Унгарија се игра утре од 20.45 часот.