„Имам 38 години, а не сум имала секс – никој не сака да ме (по)чека до брак!“

Американката Лоло Џонс е една од најсексапилните атлетичарки на светот, но освен по тоа што е олимпијка, освојувачка на бројни национални медалите, посебно е во фокус на јавноста откако откри дека – немала секс во животот. А има 38 години.

Многумина би останале зачудени, но убавата Лоло сака првиот секс да го има кога ќе стапи во брак, но има и еден голем проблем – никој не сака да ја чека до тогаш! И сега таа, за американските медиуми се отвори и се пожали дека има сериозен проблем, па дури верува дека Бог не ја благословил со брак.

„Се обидов со многу мажи од расни општествени сфери, дури и со колеги атлетичари, ама секогаш сè завршуваше со прекин на врската и мое скршено срце. Јас сум одлучна да имам прв секс кога ќе стапам во брак, ама никако не може да го најдам вистинскиот маж“, од поодамна изјави Лоло.

И сега тој став и прави проблеми, годините одминуваат, а таа и понатаму чека на вистинскиот кој ќе прифати вакво нешто.

„Можеби тоа тврдење беше погрешно, зашто после тоа секоја романса ја убиваше од старт. Немав никаква шанса. Претходно барем имав некои шанси, можев да се понадевам. Порано поинаку размислував, па ви велев: 'во ред, ама како да му кажам? Дали да сочекам или веднаш да ја фрлам бомбата?“, сега тврди Џонс.

Оваа сестрана атлетичарка за малку не освои бронза на 100 метри со пречки на ЛОИ во Лондон, а е една од малкуте спортистки, која има настап и на Зимски Игри, па во Сочи ги претставуваше САД во боб. Сега тврди дека невиноста повеќе и направила проблем во кариерата, одошто и помогнала.

„Сексот многу помага кај спортистите. Добар е за хормоните, ама јас сум во незавидна положба. Не отспапувам од тоа првиот секс да го имам во брак, ама очигледно Бог сè уште не ме благословил со брак. Многу мажи ми се допаѓаат, ама во врска влегуваат самоуверени дека ќе ме предомислат и експресно си заминуваат, кога ќе сфатат дека нема ништо пред да застанеме пред олтар“, завршува Џонс.