Им пукна филмот од ужасни резултати: Ултрасите на Шалке синоќа ги „пееле“ фудбалерите!

Германскиот бундеслигаш Шалке 04 како тргнал ќе направи една година без победа, откако од 17 јануари наваму не знае за триумф, а веќе поминаа 20 мечеви и никако да се израдуваат навивачите на триумф, па полека во Гелзенкирхен почна да врие од незадоволство за актуелните резултати на тимот.

Шалке веќе десет месеци нема триумф, вчера ремизираше со Унион Берлин, а следен предизвик е големото рурско дерби со Борусија Дортмунд во кое апсолутен фаворит се „милионерите“. И на браќата на вардаровите Комити, Ултрас Гелзенкирхен, после новиот меч без пораз, вкупно 20-ти во низа, очигледно им пукна филнот.

Осумдесетина членови вчера после мечот ги сочекале фудбалерите за да поразговараат, но без никакви инциденти, туку смирено и сталожено им „одржале лекција“ во која барале да се испоти добро дресот, ама и да се покаже карактер и гордост и тоа посебно на дербито со најомразениот ривал. Овој прв состанок помина мирно, а што ќе биде идната недела допрва ќе видиме, ама тешко на фудбалерите ако загубат.

Сезонава веќе преживеаа еден пекол, откако Баерн Минхен им го уништи миленикот со триумфот до 8-0. Шалке на стартот на сезонава нема победа, има реми и три порази, а ланската сезона ја заврши со 16 меча без триумф.