Хулиган на Ривер проговори за каменувањето: Тоа беше момент на лудило!

Матијас Фирпо е еден од аргентинските хулигани на Ривер плејт, кој заврши во 48 часовен притвор по нападот на автобусот со играчи на Бока јуниорс пред две недели пред стадионот „Монументал“. Но, Фирпо се најде на слобода и сега објави дека се кае оти бил „предводникот“ во хаосот кој се случил на улиците на Буенос Аирес.

Автобусот на Бока мина пред топла на навивачи на Ривер, по што, шишиња, камења и други предмети летаа по автобусот, кој потоа беше демолиран, а двајца фудбалери беа повредени од искршените стакла. Други двајца, меѓу кои и Карлос Тевез, пак, има проблеми со дишењето поради солзавецот кој го испукала полицијата.

Фирпо сега се покаја за својата постапка истакнувајќи дека грешка била на полицијата што автобусот го носела по булеварот каде што се собираат навивачите на Ривер, како и тоа дека тој немал намера да направи ништо лошо, ама одеднаш – избувнал.

„Јас дојдов со пријатели и тоа беше момент на тотално лудило. Никој, па ни јас, не можевме да ги исконтролираме емоциите. Знам дека згрешив и жалам за тоа, јас вакви работи вообичаено не правам. И боли тоа низ што се поминавме“ вели Фирпо.

Посочи дека безбедносната операција затаила и дека севкупно е грешка во самата организација на доаѓањето на фудбалерите на Бока.

„Ова е грешка на сите подеднакво. И на организаторот и на јас, како човек, кој направив голема грешка. Јас секогаш одам низ Кинтерос (булеварот -н.з.) накај стадионот, а полицијата ја преполови улицата и многу луѓе се собраа зошто не не пуштаа оттаму да поминеме. Не ни помисливме дека автобусот баш оттука ќе сврти и ќе поминува. Од причина што имаше многу луѓе, но автобусот дојде директно на нас. И потоа – се случи катастрофата. Полицијата ги туркаше луѓето и сето тоа излезе од контрола“, додава Фирпо.