Хаос во Франција: Навивачи го пробија обезбедувањето, па се степаа на терен (ВИДЕО)

Францускиот фудбал во последниот период е во центар на внимание поради навивачите, кои често прават хаос и се пресметуваат меѓу себе.

По скандалот на мечот меѓу Олимпик Марсеј и Ница, а потоа и Лил и Лион, во средата се случи нов инцидент.

Повторно главни актери беа навивачите на Марсеј, кои влегоа во конфликт со фановите на Анже и тоа на фудбалскиот терен.

Навивачите ги пробија обезбедувањето и влетаа на теренот за да се истепаат со противниците, а следеше физичка пресметка и фрлање на различни предмети.