Хаос пред меч од ЛШ: Тепачка меѓу хулигани на трибините во Атина (ВИДЕО)

Кошаркарскиот меч во рамки на Лигата на шампиони (ЛШ) на ФИБА меѓу грчки АЕК и италијански Реџо Емилија доцнеше поради навивачка пресметка на трибините.

Поголема група на грчки хулигани ги нападнала италијанските навивачи на трибините, а притоа се користеле и палки во хаосот.