Бразилецот Фелипе Кутињо деновиве го сврте вниманието на светската јавност кон себе по трансферот што го официјализираше, врден 160 милиони евра, од Ливерпул во Барселона и со тоа официјално е вториот најскап светски фудбалер до лето, кога ПСЖ ќе треба на Монако да му плати 185 милиони евра за младото француско крило Килијан Мбапе.

И додека сите се занимаваат со трансферот на Кутињо во Барселона и големата утка што Интер ја направи, како и фактот дека за малку пари и Реал Мадрид можел да го има, јавноста уште повеќе е заинтересирана за бракот на бразилската ѕвезда со сопругата Аина, чиј брак може да се опише како „големата љубовна историја“.

Пред да ја започне кариерата во Европа по трансферот од Васко Де Гама во Интер, а потоа и во Ливерпул, Фелипе и Аине беа заедно. И не е чудо што Кутињо стигна во Барселона.

Најдобриот фудбалер на Каталонците, Лионел Меси од дете е во Каталонија, а се ожени пред една година со својата љубов од детството Антонела Рокуци. Уругваецот Луис Сарез ги ја издржа големата раздалеченост од својата девојка Софи, со која е уште додека беше дел од локалниот Национал Монтевидео.

Оваа позната историја за романтика во Барселона и раната љубов на фудбалските ѕвезди која опстила и покрај раздалеченоста е приказна и за 25-годишниот Фелипе и 24-годишната Аине. Двајцата се сретнале во 2017 година, кога Кутињо имал само 14 години и бил посочен како голем талент. Пораснаа во Рио де Жанеиро, а заеднички пријател ги запознал на една забава, по која почнуваат да се среќаваат.

Многу брзо, Аин се преселила кај Фелипе заедно со неговата мајка Есмералда и татко му Хосе. И оттогаш се неразделни. Аине патува речиси секаде за да го гледа, во 2008 година Кутињо потпиша со Интер пред да се врати уште две сезони во матичната Васко де Гама. Во 2020 година повторно заминува во Интер, а Аине не го доврши школувањето за да биде со него.

Разделени беа во 2012 година, кога Кутињо играше на заем во Еспањо, а една година подоцна стапија во брак. Во 2013 година по трансферот во Ливерпул, двајцата се преселија на Островот.

Фелипе и Аине имаат две деца, ќерката Марија и синот Фелипе јуниор. Бразилецот својата љубов кон семејството ја покажа и со тетоважи на левата рака, ставајќи ги имињата на љубената, својата мајка и татко, како и двајцата браќа

„Аине игра голема улога во се. Не учевме заедно, немавме многу заеднички пријатели, освен еден, кој направи забава, а ние двајцата бевме таму и се запознавме. Долго разговаравме, а таа посака да и бидам дечно. Ние живеевме до еден ист дел, па откако се запознавме, почнавме често да се гледаме. Колку подолго бевме заедно, така чувствата беа подлабоки и посилни“, вели Кутињо.

После секој постигнат гол, Кутињо слави постојано исто – ѝ испраќа бакнежи на својата љубена.