„Ѓоковиќ премногу се ку*чеше и затоа заслужено доби - клоца во задникот!“

Ситуацијата со Новак Ѓоковиќ и неговото задржување на границата при обидот за влез во Австралија, каде што доби медицинска отстапка за настап иако не е вакциниран, донесе илјадници реакции и коментари изминативе два дена.

Најмногу, очекувано има во регионов, а покрај далеку поголемиот број кои го поддржуваат српскиот тенисер, има и такви што го напаѓаат неговиот арогантен однос во однос на вакцинацијата. Меѓу нив е и хрватскиот посател и новинар, Анте Томиќ, кој ја испофали Србија поради одличното снаоѓање на стартот со вакцините, кога беа вистински лидери во регионот, нешто што воопшто не допре до тенисерот.

„Ноле сѐ игнорираше. Беше недопустливо надмен други и мога беше условуван со вакцинација пред настапот на, за него во моментов најважниот турнир – Австралија опен. Дебилно се ку*чеше, според балканската традиција, мислејќи дека австралиските власти, кои покажаа дека немаат никакви проблеми да затворат стотици милиони сопствени граѓани со цел да го спречат ширењето на вирусот, ширум ќе му ги отворат портите. На крајот, остана од другата страна на австралискиот шалтер, лут и исфрустриран, не сфаќајќи што го снашло. Сите бевме несреќни поради неговиот пораз од Медведев во финалето на САД-опен, кога пропушти шанса за влез во историјата. Но, ова сега многу помалку нѐ гаѓа и нервира. Ваквата нога во задник Ѓоковиќ навистина чесно си ја заслужи“, напиша меѓу другото Томиќ.

Српскиот тенисер во моментов е во задржан во хотел заедно со други азиланти, каде што до понеделник ќе ја чека одлуката на австралиските власти дали ќе му дозволат да влезе во државата.