Фенербахче ги има третите најгласни навивачи на светот! (ВИДЕО)

Турската страст кон фудбалот и фанатизмот на нивните навивачи е светски познато, а денешниот противник на Вардар во плејофот за Лига Европа, Фенербахче може да се пофали дека ги има третите најгласни навивачи на светот.

Одамна е познато дека Турците се фудбалски фанатици, а на нивните мечеви многупати се мерела гласноста според децибелите и рекордите биле уривани. Не е воопшто чудно што во првите три најгласни навивачи – три се турски екипи.

Фенер е трет на листата, а пред него се само навивачите на Галатасарај, а втори се приврзаниците на Бешикташ. Дел од навивачите на Фенербахче се очекува и вечерва да бидат присутни на стадионот „Филип Втори“, па во првата пресметка од двомечот за пласман во групите, сигурно е дека ќе има голема „навивачка битка“ во давањето поддршка на своите миленици.

Тоа што е сигурно, за една недела, Вардар ќе го чека пеколна атмосфера во Истанбул и фудбалерите на црвено-црните ќе ја имаат можноста да ја почувстуваат гласноста на навивачите на Фенер и нивната поддршка кон фудбалерите.

ТОП 10 НАЈГЛАСНИ НАВИВАЧКИ ГРУПИ

1. Галатасарај

2. Бешикташ

3. Фенербахче

4. Црвена Звезда

5. Панатинаикос

6. Борусија ДОртмунд

7. Бока јуниорс

8. Селтик

9. Ливерпул

10. Феенорд