Додека противникот го „масакрира“, тој ѝ покажува среден прст на – камерата (ФОТО+ВИДЕО)

Хрватската престолнина Загреб синоќа беше домаќин на спектакл од ММА-серијата помеѓу домашниот борец Ивица Трушчек и Васо Бакочевиќ од Црна Гора, кој донесе возбудлива борба, триумф на Хрватот, но и многу несекојдневни моменти кои ретко може да се видат на спортските борилишта.

Еден од таквите беше моментот кога поранешниот Црногорец реши да ѝ покаже среден прст на камерата и тоа додека противникот буквално го „масакрира“ со удари додека лежи на партерот. „Инцидентот“ се случи во првата рунда, додека крајот дојде на една минута пред завршувањето на втората рунда, по еден одличен напад со гушење на Трушчек.