„Да не бев женет ќе се погрижев да добиете нови фудбалски легенди!“ (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ совршено си го најде своето место во американскиот фудбал, уште по неполн месец престој во Лос Анџелес, во тимот на Галакси.

Швеѓанецот не само што дебитираше фантастично, со два гола за пресврт и победа на неговиот тим, туку ги погодува Американците и со својата харизма, однесувањето и со изјавите.

Последно, беше гостин на една од најгледаните светски ТВ-емисии, шоуто на Џими Кимел, во кое рече дека жал му е што нема можност да ѝ понуди на Америка нови фудбалски легенди.

„Имам жена и две деца, а да бев сам, ќе се погрижев за доброто на фудбалот во САД и ќе добиевте идни легенди од оваа игра. Жал ми е, но зафатен сум“, вели Златан.