Циркус на пресот во Елбасан: „Полесно ќе го разберам на албански отколку вашиот превод на српски“ (ВИДЕО)

Скендербег и Партизан одиграа 0-0 во Елбасан во рамки на третото коло од Лигата на Европа минатиот четврток. Прес-конференцијата по натпреварот беше крајно интересна, бидејќи преведувачот од албански на српски и не знаеше баш најдобро српски јазик.

Тоа предизивика доста насмевки кај тренерот на „црно-белите“ Мирослав Џукиќ, кој во еден момент му се обрати на преведувачот со зборовите, „мислам дека јас побрзо ќе разберам албански, отколку што вие знаете српски“. Најинтересните моменти се во осмата минута од видео-клипот подолу, како и во 15-тата минута.