Откриено кого копирал Леброн Џејмс со чудниот аутфит пред првото финале со Г. Стејт! (ФОТО)

Без разлика што тимот на Кливленд кавалрис вчера го загуби и вториот финален меч против Голден стејт, чудниот аутфит во кој ѕвездата на овој тим, Леброн Џејмс, се појави пред првата средба со „воините“, сѐ уште привлекува внимание во јавноста.

Деновиве се јавија бугарските медиуми, кои „открија“ дека Кралот Џејмс всушност го имитирал нивниот најдобар фудбалер на сите времиња, Христо Стоичков. Поранешниот играч на Барселона уште пред неколку години се појавил во телевизиско шоу облечен во костим со куси пантолони, како Џејмс пред стартот на НБА-финалето.

Стоичков, сепак, не го дополнил својот аутфит со чанта од алигаторска кожа ниту, пак, носел различни чорапи. И, секако, неговата облека не чинела 46.000 долари како таа на најдобриот кошаркар во светот во моментов.