Бивш шампион и сурфер убиен при тепачка во кафеана!

Поранешниот шампион и сурфер, Крис Дејвидсон бил убиен минатиот викенд во една пресметка во кафеана во Австралија.

Дејвидсон наводно бил удрен со бокс во лице пред позната кафеана во Австралија во саботата околу 23 часот, по што паднал и ја удрил главата.

Итната помош пристигнала брзо на местото на тепачката, при што Дејвидсон завршил во болница, но сепак докторите не можеле да му го спасат животот.

Дејвидсон имаше 45 години, а медиумите објавија дека наводно се скарал со братот на главниот тренер на рагби тимот од Нов Јужен Велс, Дарен Колмен.