Без срам: Бејл „спие“ на трибини додека Реал се бори за титулата (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл не добива многу шанса сезонава во дресот на Реал Мадрид, па поради тоа покажува несериозен однос и непочит кон соиграчите и тренерот Зинедин Зидан.

Зидан вчера не му даде шанса во триумфот од 2-0 против Алавес, а тоа го налути и разочара Бејл, кој повторно покажа несериозен однос.

Бејл си ја стави заштитната маска преку очи и легна да „спие“, а тоа ги налути навивачите на „кралскиот клуб“.