Пред пе години на само 15-годишна возраст Силвија Жук без загубен сет го освои младинскиот Вимблдон во женска конкуренција и беше една од најголемите тениски надежи во светот, а сигурно прва надеж на рускиот тенис.

Но, нејзината кариера траеше прекратко. Поради силни болки во грбот, а после експресна елиминација во првото коло на Вимблдон лани, реши да се повлече од тенисот со заработени 400.000 долари во кариерата.

Сега, таа се посвети на поинаков живот и заработува како модел. Најчесто промовира костими за капење, се слика провокативно, па убавото тело доаѓа до израз за машката популација да воздивнува по руската убавица.